
„Бадел 1862“ и „Раденска“ потпишаа договор за продажба на своите брендови Nara, Inka и Voćko и договор со кој „Бадел 1862“ ја презема дистрибуцијата на асортиманот на „Пепсико“ за каналот хорека.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Бадел 1862" и „Раденска" потпишаа договор за продажба на своите брендови Nara, Inka и Voćko и договор со кој „Бадел 1862" ја презема дистрибуцијата на асортиманот на „Пепсико" за каналот хорека.
Со потпишувањето на овие договори се регулираат правата за откуп на брендовите Nara, Inka и Voćko кои ќе се произведуваат во „Раденска", а „Бадел 1862" ќе се грижи за дистрибуцијата на производите од асортиманот на „Пепсико" во хрватските угостителски објекти.
Затворањето на погонот за производство на безалкохолни пијалаци во „Бадел 1862" е неминовна одлика, заради зачувување на срцето на бизнисот. Имено, од почнувањето на производството на безалкохолни пијалаци во системот на „Бадел 1862" пред десет години, таа фабрика работи со негативни резултати. Веќе од ноември 2013 година беше јасно дека тој погон треба да се затвори, кога е донесен планот за реструктурирање. Конечната одлука за затворање на погонот донесена е на 31 декември 2015 година, бидејќи требаше време да се обезбедат финансиски средства за квалитетено згрижување на работниците во согласност со колективниот договор со „Бадел 1862" и законските обврски. Со затворањето на погонот направен е голем чекор во реструктрирањето на „Бадел 1862", што носи низа корисни ефекти врз работата на компанијата, со оглед на долгогодишната акумулирана загуба, стои во соопштението на „Бадел 1862".
Во согласност со одлуката за затворање на погонот за производство на безалкохолни пијалаци, откажан е и договорот со „Пепсоко" за полнење на производите на оваа компанија. Токму затоа „Пепсико" потпиша договор со „Раденска" за полнење и дистрибуција во Хрватска.
„Раденска" беше заинтересирана и за брендовите безалкохолни пијалаци на „Бадел 1862" (Nara, Inka и Voćko), при што е постигнат договор за нивно откупување, со што се гарантира опстојувањето на овие брендови на хрватскиот пазар.