
Во Сараево, на 6 јануари потпишан е договор за соработка меѓу „АС груп“ и „Адриатик груп“ од Виена.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Сараево, на 6 јануари потпишан е договор за соработка меѓу „АС груп" и „Адриатик груп" од Виена.
Со потпишување на овој договор склучено е деловно партнерство меѓу две групации што постојано инвестираат во стопанствато во БИХ и со заеднички ангажман постигнуваат производство и извоз на домашни производи. Договорот ќе овозможи поголем пласман на босанските производи во сопственост на „АС груп" на европскиот пазар, преку дистрибутивните капацитети на „Адриатик груп".
„АС груп" успешно ги извезува своите производи во 27 земји, меѓу кои и на пазарите во Европска унија, но со овој договор дополнително ќе ги зајакнеме извозните резултати. Веруваме дека нашите брендови како Zlatna džezva, Klasova jufka, Zlatni puder, Begova čorba, Sarajevski somun, баклавата и други сега ќе бидат достапни во поголема мера на полиците во трговските синџири во Европа, изјави Русмир Хрвиќ, претседател на управата на „АС груп".
Отсега производите на „АС груп", преку дистрибутивната мрежа на „Адриатик груп" ќе бидат достапни во Финска, Шведска, Данска, Германија, Франција, Холандија, Белгија, Луксембург, Лихтенштајн, Италија, Австрија и Швајцарија.
Со оваа соработка се подобрува позиционираноста и промоцијата на прехранбените производи на „АС груп" и се развива продажбата во земјите од ЕУ, особено на германските и скандинавските пазари, каде живеат голем број луѓе од нашите простори. Очекуваме значително зголемување на извозот на босанските производи во Европа, изјави Амир Бекиќ, директор на „Адриатик груп".
Освен пласманот на прехранбените производи, преку заеднички проекти на групациите ќе се потикне развојот и извозот на земјоделските производи во БИХ.