
Приносот на хмељ во Словенија годинава ќе биде помал во споредба со минатата година, кога одгледувачите ожнеаа околу 2.500 тони. Врнежите од град што ја погодија земјата во текот на мај годинава сериозно го оштетиле годинашниот род.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Приносот на хмељ во Словенија годинава ќе биде помал во споредба со минатата година, кога одгледувачите ожнеаа околу 2.500 тони род, јавува словенечката новинска агенција СТА.

Според Ирена Фришковец, земјоделски есперт за хмељ, врнежите од град што ја погодиле земјата во текот на мај годинава сериозно го оштетиле годинашниот род.
Колку хмељ одгледувачите ќе наберат годинава, ќе зависи од времето во претстојните денови, вели Фришковец.
Според Фришковец, градот што наврнал во текот на мај предизвикал сериозни штети на насадите со хмељ сериозно го оштети хмељот во околината на селата Петровчe и на Дрешиња во општината Жалец, каде што биле унштени 150 хектари насади со хмељ. Големо оштетување претрпеле и хмељовите насади во Вранско, каде што приносот ќе биде за 60 помал од минатата година.
Бербата на хмељот, според очекувањата на Фришковец , годинава би требало да почне од 15 август.
Одгледувачите во Словенија годинава засадија повеќе хмељ во споредба со, на вкупна површини од 1.590 хектари, од кои 170 хектари пролетни насади.
Минатата година со хмељ биле засадени 1.484 хектари земјиште.