
„Истарски супермаркети“, еден од водечките трговски синџири во Истра и во Риека, продолжува со ширење на продажната мрежа, но и со модернизација на ентериерот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Истарски супермаркети", еден од водечките трговски синџири во Истра и во Риека, продолжува со ширење на продажната мрежа, но и со модернизација на ентериерот.
„Истарски супермаркети" имаат 69 продавници, од кои 49 се отворени во текот на целата година, а 20 се сезонски. До крајот на јануари планирано е отворање на уште еден продажен објект во Бузет.
Со отворањето на „Поречанка" во центарот на Пореч, „Истарски супермаркети" почнаа со примена на новиот концепт.
Како што истакнуваат од трговскиот синцир, „Истарски супермаркети" се автентично место за купување, создадено во соработка со домашните производители. Со понудата на сувенири и производи како маслиново масло, тестенини, сирења и тартуф, „Истарски супермаркети" ги поддржуваат домашните автохтони производи на Истра.