
Пазарниот удел на Argeta во Австрија минатата година се зголеми за речиси 2% и изнесуваше 27,6%, според податоците на „АЦ Нилсен“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пазарниот удел на Argeta во Австрија минатата година се зголеми за речиси 2% и изнесуваше 27,6%, според податоците на „АЦ Нилсен".
На австрискиот пазар најпродавана е Argeta pileća pašteta (95 г) со пазарен удел од 15%. Следува Argeta tuna (95 г) со 5%, а дури на третото место е најмоќниот австриски бренд Inzersdorfer со пазарен удел од 4%. На четвртото место е Argeta Junior со 3% удел на пазарот.
Argeta е еден од брендовите на „Атлантик груп", што покрај Donat Mg, Bebi, Cedevita и Multipower е еден од најголемите потенцијали за извоз од компанијата. Освен потрошувачите од регионот на поранешна Југославија, Argeta е сè попопуларна и во другите земји каде што се продава: Австрија, Швајцарија, Русија, Шведска, Шпанија, Италија, Велика Британија, Ирска, САД и Австралија.