
Во првата половина од оваа година Словенија евидентираше пораст во трговската размена со пораст на извозот од 5,8 отсто и на увозот од 4,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првата половина од оваа година Словенија евидентираше пораст во трговската размена со пораст на извозот од 5,8 отсто и на увозот од 4,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
Податоците од Заводот за статистика во Љубљана покажуваат дека извозот во првите шест месеци од 2015 година, заклучно со јуни, достигна вредност од 11,93 милијарди евра, а увозот 11,57 милијарди евра, со трговски дефицит од 355,7 милиони евра.
Во јуни извозот порасна за 10,9 отсто на годишно ниво на 2,15 милијарди евра, а увозот за 6,6 отсто на 1,98 милијарди. Покриеноста на увозот со извоз во јуни порасна за 108,4 отсто, а трговскиот суфицит на 167,3 милиони евра, што претставува најголемата месечна вредност за оваа година.
Суфицитот е остварен благодарение на порастот на извозот во земјите од ЕУ и падот на увозот од земјите надвор од ЕУ, стои во соопштението на Заводот.