
Милош Јелиќ, извршниот директор на групацијата „Нелт“, изјави дека во 2014 година компанијата оствари промет од 539 милиони евра и до крајот на годината се очекува пораст на приходите за 39 отсто.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Милош Јелиќ, извршниот директор на групацијата „Нелт", изјави дека во 2014 година компанијата оствари промет од 539 милиони евра и до крајот на годината се очекува пораст на приходите за 39 отсто.
На традиционалниот годишен појадок за медиумите, тој истакна дека 70 отсто од приходите на компанијата се од дистрибуцијата, што е нивна основна дејност. Освен тоа, компанијата нуди услуги од областа на логистиката, производството, малопродажбата и маркетингот. Освен успешното работење на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, компанијата бележи деловни активности и во Африка – во Ангола, Замбија и Мозамбик.
Инаку, Јелиќ потсети дека во составот на групацијата „Нелт" работат 11 фирми, присутни на седум пазари и на два континета. Од оваа година на групацијата ѝ се приклучија „Баним реклам" и „Корнер шоп"
Мислам дека порастот на прометот и бројот на вработени се најдобрите показатели на нашата активност. Професионалноста и посветеноста што ги покажуваме се најдобрата препорака за најголемите светски компании, како што се „Филип Морис" или П&Г, кои голем дел од работењето на неколку пазари му го доверија на „Нелт".
Тој додеде дека зголемувањето на принципиалите, подоброто позиционирање на пазарот, географското ширење, инвестициите во производството се стратешки определби со кои сакаат да обезбедат стабилно работење и во иднина. Тој уште истакна дека годинава се вложени повеќе од 16 милиони евра во работењето.
| Наскоро интернет-продажба Милан Радивојевиќ, директор за стратегија и развој на бизнисот во „Нелт", најави дека наскоро ќе почне интернет малопродажба за различни видови производи. Свесни сме за значењето што дигиталните технологии го имаат врз луѓето и врз работењето. Сакаме дополнително да ги развиеме и да ги искористиме капацитетите за развој и на интернет-продажбата. |