
„Атлантик група“ во првите девет месеци годинава оствари приходи од продажбата во износ од 522,9 милиони евра, што во однос на истиот период во 2014 година претставува пораст за 4,8 проценти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" во првите девет месеци годинава оствари приходи од продажбата во износ од 522,9 милиони евра, што во однос на истиот период во 2014 година претставува пораст за 4,8 проценти.
Добивката пред оданочување (ЕБИТ) изнесуваше 44,8 милиони евра и е помала за 9,9 проценти, најмногу поради порастот на цените на суровините и неповолните движења на девизниот курс. Нето-добивката по исплата на малцинските акционери изнесуваше 30 милиони евра, што претставува пораст за 9 проценти. До крајот на годината, менаџментот продожува со фокусирање на интернационализацијата и порастот на постоечките пазари, како и со управување со ризиците, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски.
Од поважните деловни настани во првите девет месеци годинава, се истакнува новата организација на дистрибутивното работење преку две главни зони, Зона исток и Зона запад, како продолжение на процесот на интензивна интернационализација и зајакнување на дистрибутивните функции надвор од регионот, што се одрази и преку отворање на сопствени дистрибутивни компании во Австрија и Германија.
Во овој период, со договорот со новиот принципал „Филипс" – Хрватска, дополнително беше проширено дистрибутивното портфолио на хрватскиот пазар. Исто така, по неполна година од почетокот на изградбата, почна со работа и новоизградената фабрика за енергетски барови од асортиманот на спортска исхрана во Нова Градишка, во која беа инвестирани над 13 милиони евра.
Последната аквизиција на „Атлантик група" – компанијата „Фудленд", во целост беше успешно интегрирана во деловниот систем на групацијата и денес со брендот Bakina tajna, ја претставува новата бизнис-област Гурмет.
Во третото тримесечје, „Атлантик група", според последното истражување на светското финансиско списание „Еуромани", е прогласена за најдобро раководена компанија во Хрватска и најдобро раководена компанија во секторот за храна и пијалаци во регионот на Средна и на Источна Европа.
Гледано по структурата на приходите од продажбата, за целокупниот пораст на „Атлантик група" во првите девет месеци во 2015 најмногу придонесоа стратешките бизнис-области: деликатесни намази, со пораст од 12,9 проценти; слатко и солено со 5 проценти; кафе со 4,7 проценти, како и стратешките дистрибутивни области: Хрватска, со пораст од 10,6 проценти и Србија со 8,3 проценти. Кафето со процентен удел од 19,5 отсто во вкупните приходи од продажбата, се истакнува како најголема поединечна категорија со приходи од продажба во износ од 102,2 милиони евра во првите девет месеци.
Гледано по пазари, најголем и еднаков пораст од 9,6 проценти е остварен на пазарите во БиХ и Србија. Српскиот пазар е втор по големина на „Атлантик група", со удел во вкупните приходи од 22,6 проценти. На пазарот во Хрватска, која со 26,8 проценти има најголем удел во приходот од продажбата, остварен е пораст од 9,4 проценти.
Брендови на „Атлантик група" во продажбата учествуваат со 65,3 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалитe со 19,2 проценти, фармацевтскиот синџир„Фармација" со 6,3проценти, додека производите што групацијата ги произведува како приватни трговски марки за големите бизнис-системи во земјата и странство, учествуваат со 9,3 проценти во вкупната продажба.