
„Атлантик група“ во првите девет месеци од 2012 година оствари приход од продажба во износ од околу 483,2 милиони евра, што споредено со истиот период од минатата година претставува пораст од 5,3%.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" во првите девет месеци од 2012 година оствари приход од продажба во износ од околу 483,2 милиони евра, што споредено со истиот период од минатата година претставува пораст од 5,3%.
Добивката пред каматата, данокот и амортизацијата (EBITDA) порасна за 10,9% на околу 59,3 милиони евра. Како што се наведува во соопштението на компанијата, пораст на приходите од продажбата забележале сите стратешки деловни подрачја, а во вкупниот пораст најмногу придонеле деликатесните намази (10,8%), производите од палетата здравје и нега (9,8%), кафе (9,4%) и спортска и активна прехрана (7,4%).
Хрватскиот пазар е најголем пазар на групацијата со удел во вкупната продажба од 27,4%. По него следат и пазарите на Србија со 23,8%, Словенија со 12,4%, Босна и Херцеговина со 8,1%, останати регионални пазари со 6,3% и клучните западноевропски пазари со 8,4%. Рускиот пазар и пазарите од источна Европа со удел од 4,6% во приходите од продажба бележат најголем пораст од 36,1%. Останатите пазари учествуваат во приходите со 9%. Сопствените трговски марки на групацијата учествуваат во продажбата со 73,1%, дистрибуцијата на трговски марки на принципалите со 15,5%, приходот од продажба во синџирите на аптеките „Фармација" со 6,1%, додека производите што групацијата ги произведува како приватна трговска марка за големите деловни системи во државите од странство чинат 5,3% од продажбата.