
Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во ноември достигна 798,5 евра, што е за 0,2 отсто повеќе од октомври 2014.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во ноември достигна 798,5 евра, што е за 0,2 отсто повеќе од октомври 2014.

Од тој износ, на храна и безалкохолни пијалаци отпаѓаат 249,2 евра, што во споредба на октомври бележи поскапување од 0,6 отсто, покажуваат податоците на црногорскиот завод за статистика, „Монстат". Според нив, 351,2 евра се однесуваат на непрехранбени производи, што е 0,1 отсто помалку во споредба со октомври, додека вредноста на импутираната рента е 198,1 евра, исто како претходниот месец.
Во споредба со потрошувачката кошница од ноември минатата година, цените пораснале за 0,3 отсто, а во однос на декември 2013 година се за 0,1 отсто.