
Нето-добивката на групацијата „Подравка“ без еднократните ставки во 2012 година изнесува 111,7 милиони куни (14,9 милиони евра), што претставува пораст од 7 отсто во споредба со добивката во 2011 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нето-добивката на групацијата „Подравка" без еднократните ставки во 2012 година изнесува 111,7 милиони куни (14,9 милиони евра), што претставува пораст од 7 отсто во споредба со добивката во 2011 година.
Како што е соопштено од компанијата, резултатите од работењето на групацијата во 2012 година е под значително влијание на еднократните ставки што на ниво на нето-добивката изнесуваат вкупно 131,8 милиони куни (17,6 милиони евра) и се однесуваат на усогласување на вредноста на материјални и нематеријални имоти и отпремнини во согласност со програмата за згрижување на вишокот вработени.
Вкупната продажба на групацијата „Подравка" во 2012 година изнесувала 3.626,7 милиони куни (483,5 милиони евра) и е на истото ниво како и во 2011 година.
Продажбата на стратешкото подрачје на дејствување „храна и пијалаци" падна на 1 отсто, додека продажбата на подрачјето „фармација" забележа пораст од 4 отсто.
| Звонимир Мршиќ, претседател на управата на „Подравка"Наспроти трендот на намалување на потрошувачката на повеќето значајни пазари каде што сме присутни, успеавме со ценовното позиционирање и дополнителните активности, вкупното ниво на продажба да го задржиме на нивото од 2011 година. Освен тоа, почнавме силен процес на преструктуирање на компанијата со што очекуваме позитивни ефекти во наредниот период. Продолживме со „чистење" на финансискиот извештај, што доведе до еднократните ставки што влијаеле на намалувањето на нето-добивката во набљудуваниот период, но со тоа создаваме добри услови за поквалитетно управување со работењето во наредниот период. |
Вкупната вредност на капиталните вложувања во текот на 2012 година изнесувала 94,4 милиони куни (12,6 милиони евра).