
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Откако беа објавени податоците за пораст од 8,4% на извозот на стоки во Хрватска, за 2014 година, потпретседателот на Владата и министер за регионален развој и фондови на ЕУ Бранко Грчиќ, изјави дека продолжува овој тренд и дека се надева дека во оваа година навистина ќе дојде до промена на БДП.
Откако беа објавени податоците за пораст од 8,4% на извозот на стоки во Хрватска, за 2014 година, потпретседателот на Владата и министер за регионален развој и фондови на ЕУ Бранко Грчиќ, изјави дека продолжува овој тренд и дека се надева дека во оваа година навистина ќе дојде до промена на БДП.
Продолжува позитивниот тренд, заедно со извозот и порастот на индустриското производство, што едно со друго е поврзано. Можеме да кажеме дека првите позитивни сигнали и трендови се појавуваат во стопанството. Со туризмот се надевам и на закрепнување на најкритичниот сектор во овој момент, а тоа е градежниот. Благодарение на новите големи проекти, особено на оние финансирани од ЕУ фондовите, во оваа година навистина ќе дојде до промена на БДП, рече Грчиќ.
Извозот на стоки за 2014 година во Хрватска достигна 78,68 милијарди куни, што е за 6,1 милијарда куни повеќе од минатата година, покажуваат резултатите објавени од Државниот завод за статистика.
Увозот достигна 129,7 милијарди куни, што е за 3,7 отсто или 4,6 милијарди куни повеќе од минатата година.
Увозот од членките на ЕУ изнесуваше 76,3 отсто од вкупниот увоз, а достигна вредност од 98,9 милијарди куни, што е зголемување за 2,8 отсто во однос на минатата година.