
Во првите пет месеци извозот на БиХ достигна вредност од околу 1,76 милијарди евра, што е за 10,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, додека увозот изнесува 3,48 милијарди евра и е помал за 0,5 отсто.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првите пет месеци извозот на БиХ достигна вредност од околу 1,76 милијарди евра, што е за 10,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, додека увозот изнесува 3,48 милијарди евра и е помал за 0,5 отсто.
Во овој период покриеноста на увозот со извоз изнесува 57,6 отсто, додека надворешно-трговскиот дефицит на стока изнесува 1,3 милијарди евра, е соопштено од Агенцијата за статистика на БиХ.
Извозот во земјите од ЦЕФТА изнесува околу 0,63 милијарди евра, што е за 4,6 отсто повеќе од истиот период минатата година, додека увозот изнесува 0,7 милијарди евра и е помал за 7,6 отсто.
Кога станува збор за надворешно-трговската размена со земјите од ЦЕФТА, покриеноста на увозот со извозот изнесува 75,1 отсто.
Извозот во земјите од ЕУ во набљудуваниот период изнесува 1,31 милијарди евра, што е за 10,3 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, додека увозот изнесува 1,45 милијарди евра и е поголем за 0,8 отсто. Покриеноста на увозот со извоз е 72,4 отсто.