
Агенцијата за лиценцирање на стечајните управници, од 11 декември собира понуди за деловно-техничка соработка за „Београдска индустрија пива“ (БИП).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Агенцијата за лиценцирање на стечајните управници, од 11 декември собира понуди за деловно-техничка соработка за „Београдска индустрија пива" (БИП).
Агенцијата ги нуди на користење производствените капацитети на белградската пиварница со комплетна опрема, а бара и организатор на производството. Производот ќе се продава под брендот BIP. Рокот за достава на понудата е 28 декември.
Од потенцијалниот соработник се бара плаќање на месечен закуп и трошоци.Тој има обврска да произведе минимум 10.000 хектолитри пива и да продолжи со производство на оцет. Во случај имотот што е во стечај да се продаде, без разлика дали станува збор за еден дел или за цела компанија, закупецот ќе мора во рок од 30 дена да ги врати капацитетите на стечајниот управник.
Во јавниот повик меѓу останатото, постои и услов да се ангажираат 100 работници што во БИП работеле до август.