
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Полскиот приватен капитален фонд „Ентерпајс фонд VII“, менаџиран од „Ентерпрајс инвеститорс“ склучи договор за стекнување на 65 отсто удел во хрватската компанија „Пан-пек“, која се занимава со производство и продажба на пекарски производи.
Полскиот приватен капитален фонд „Ентерпајс фонд VII", менаџиран од „Ентерпрајс инвеститорс" склучи договор за стекнување на 65 отсто удел во хрватската компанија „Пан-пек", која се занимава со производство и продажба на пекарски производи.
Сигурни сме дека пазарот на пекарски производи во Хрватска ќе се развие врз основа на континуиран пораст на современиот малопродажен канал на прехранбени производи. Под раководство на исклучително искусниот претприемач Иван Параќ, „Пан-пек" ќе ја зацврсти водечката позиција во Јадранскиот регион, рече Михал Кеџиа, партнер и одговорен за вложување во „Ентерпајс инвеститорс".
Тој истакна дека во следните пет години значително ќе го прошири малопродажното работење на „Пан-пек".
Многу сме горди што партнерот на „Пан-пек" ќе биде „Ентерпрајс инвесторс", со чија поддршка ќе ја зајакнеме положбата на пазарот и заедно со доставувачите ќе ги задоволиме растечките очекувања на нашите купувачи, како во големопродажбата, така и во малопродажбата, изјави Иван Параќ, директор на „Пан-пек".
„Пан-пек" е компанија основана во 1992 година, а денес е еден од најголемите производители на смрзнати пекарски производи кој ги снабдува малопродажните објекти, а воедно има и педесетина свои пекарници.
„Ентерпрајс инвесторс" е една од најголемите компании за управување со фондови во Централна и Источна Европа, основана во 1990 година. Денес, компанијата управува со девет фондови чиј вкупен капитал е повеќе од 2,5 милијарди евра.