
Со развојот на концептот на големопродажба во „Рода“, „Велпро“ во рамките на 17 продавници на „Рода“ постави посебни каси за професионалните купувачи, како и вработени кои ќе се грижат за нивната услуга.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со развојот на концептот на големопродажба во „Рода", „Велпро" во рамките на 17 продавници на „Рода" постави посебни каси за професионалните купувачи, како и вработени кои ќе се грижат за нивната услуга.
Овој бренд, како што истакнуваат од компанијата, ги разбра потрошувачите во Србија кои имаат динамично работење, најчесто работат според сопствена режија, сакаат да купат сѐ на едно место, самите да ги избираат производите и самостојно да го дистрибуираат тоа што го купиле.
Токму затоа „Велпро" одлучи на своите купувачи во „Рода" да им понуди 40.000 производи, од кои повеќе од 3.000 се по акциски цени. Особена погодност е тоа што сите професионални купувачи можат да ги користат и малопродажните акции што ги нуди „Рода" и со тоа да остварат заштеда според големопродажните цени. На овој начин тие ќе бидат постојано информирани и за новите производи и со актуелната понуда на пазарот, истакнуваат од компанијата.
Достапноста на објектите од овој формат е голема, бидејќи во овој момент во Србија има 17 продавници „Рода", обезбедена е широка понуда на асортиманот и можност за купување на производи на парче. На овој начин на купувачите им е олеснето пазарењето, кое бара помали, но почести набавки.