
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската компанија „Подравка“ вработи нови 21 приправници од вкупно 400 пријавени на овогодинешниот конкурс. Претходната генерација на млади високообразовани кандидати, кои добија шанса да работат во оваа компанија изнесуваше 30 луѓе.
Хрватската компанија „Подравка" вработи нови 21 приправници од вкупно 400 пријавени на овогодинешниот конкурс. Претходната генерација на млади високообразовани кандидати, кои добија шанса да работат во оваа компанија изнесуваше 30 луѓе.
За добредојде на новите приправници „Подравка" организираше целодневна програма за двете генерации. На едно место се собра Управата на „Подравка", извршниот менаџмент, двете генерации приправници и нивните ментори.
Во текот на 10 месечната програма што опфаќа специјалистички, општ и едукативен дел, новите приправници ги очекува и фаза на запознавање со компанијата, учење, осамостување и конечно, завршен испит.