
„Подравка“ соопшти дека на јавното наддавање на Загрепската берза стекна вкупно 198.209 акции или 53,85 отсто од акциите на „Мирна“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Подравка" соопшти дека на јавното наддавање на Загрепската берза стекна вкупно 198.209 акции или 53,85 отсто од акциите на „Мирна".

Како што се наведува, станува збор за акциите што преку инвестициските друштва „Подравка" ги продаваше во постапката на надворешно-судско порамнување, односно акциите што ги имаше нејзиниот заложен должител „Плурис" од Вараждин.
Според извештајот од јавната аукција, објавен на Загрепската берза, три пакети на акции на „Мирна" се продадени по почетна цена и за 53,85 отсто од акциите почетната и продажната цена изнесува 7,53 милиони куни.
Претседателот на синдикатот на вработените во земјоделство, прехранбената и тутунската индустрија на Хрватска, Шимо Орешковиќ во изјава за „Хина" рече дека купувањето на „Подравка" на 53,85 отсто од акциите значајно го менува статусот на „Мирна" и поради тоа синдикатот ќе ја промени политиката и ќе настојува да го избегне стечајот.