
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Резултатите од неревидираниот извештај, за периодот од јануари до март 2018, предизвикаа големо задоволство кај Надзорниот одбор на групацијата затоа што, како што истакнаа, станува збор за најдобрите постигнати резултати во историјата на „Подравка“.
Резултатите од неревидираниот извештај, за периодот од јануари до март 2018, предизвикаа големо задоволство кај Надзорниот одбор на групацијата затоа што, како што истакнаа, станува збор за најдобрите постигнати резултати во историјата на „Подравка".
Нето-добивката на групацијата „Подравка" за првото тримесечје изнесува околу 9,4 милиони евра, што претставува значителен пораст во споредба со истиот период минатата година кога се остварени 2,4 милиона евра.
Порастот на продажбата на асортиманот со контрола на оперативните трошоци резултира со двоцифрен пораст на профитабилноста на сите нивоа во работењето.
Приходите од продажбата изнесуваат 133,6 милиони евра, што претставува зголемување за 8,3% во споредба со истиот период минатата година. На порастот на приходите од продажбата во најголема мера влијаеше сегментот прехрана, каде што се остварени 106,7 милиони евра, што претставува пораст од 9,2%.
Во поглед на реализираните приходи по региони, најголем пораст е забележан во Централна Европа, и тоа за 15,9%, потоа во Источна Европа - 14,9%. Во Јадранскиот Регион, како еден од најзначајните за групацијата, забележан е пораст од 6,3%.
Фокусот на менаџментот за 2018 година останува ист: органски пораст, намалување на задолженоста и подобрување на интерната ефикасност.