
Компанијата „Подравка“ преку стимулативната програма продолжува да ги згрижува вишокот вработени и најавува вработување нови приправници со потребни стручни референци.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Подравка" преку стимулативната програма продолжува да ги згрижува вишокот вработени и најавува вработување нови приправници со потребни стручни референци.
Управата, на предлог на Синдикатот донесе одлука за продолжување на стимулативната програма за згрижување работници преку отприемнини во висина од 528,53 евра за секоја година непрекинат работен стаж во компанијата, се вели во соопштението од „Подравка".
На истата седница на Управата е донесена одлука за нов циклус вработувања на приправници во програмата „Shape your future with a heart", со која ќе се вработат млади експерти.
Во конкурсот на кој кандидати ќе се бираат според критериуми ќе се вработат 20 високообразовани приправници со потребни стручни референци и профили и тоа од областите прехранбена технологија, хемиско инженерство, хемија, фармација, машинство, електротехника, економија, психологија, социологија и математика.