
Во „Сити центар оун вест“ во Загреб, „Подравка“ го претстави новиот проект на „Кулинарка“ – популарни кратки видео-рецепти за секој ден.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во „Сити центар оун вест" во Загреб, „Подравка" го претстави новиот проект на „Кулинарка" – популарни кратки видео-рецепти за секој ден, први од ваков тип на хрватскиот пазар.
Станува збор за динамични видео-рецепти, продуцирани во модерен формат, со брзо менување на кадри, со водич чекор-по-чекор и со фокус на производите и на готвењето. Посебноста на овие рецепти се многубројните канали каде што тие може да се најдат. Па така, освен на веб-страницата „Кулинарка" и на социјалните мрежи, рецептите ќе се прикажуваат на 140 дигитални ситилајти во трговските центри и на плоштадите во Хрватска.
Знаеме дека нашите потрошувачи во ова брзо време, тешко наоѓаат време за готвење и за идеи за подготовка на јадењето. Затоа, заедно со социјалните мрежи им нудиме уште еден канал и уште еден вид содржина што ќе им го олесни и подобри квалитетот на животот. Брзите видео-рецепти се тренд на светско ниво, а „Подравка" сака да биде предводник на трендовите во кулинарството и интернетот, изјави Маринка Акрап, директор за корпоративна и маркетиншка комуникација во „Подравка".