
На седницатана надзорниот одбор на „Подравка“ презентирани се деловните резултати на компанијата и именуван е нов член на управата – Ива Брајевиќ, задолжена за финансии.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На седницатана надзорниот одбор на „Подравка" презентирани се деловните резултати на компанијата и именуван е нов член на управата – Ива Брајевиќ, задолжена за финансии.
Главно обележје од резултатите од работењето на групацијата „Подравка" за 2015 година, е остварувањето на рекордна нето-добивка. Таа во минатата година изнесуваше 52,3 милиони евра, што претставува значителен пораст во споредба со 2014 година, кога нето-добивката инзесуваше 12,2 милиони евра. На рекордниот пораст на нето-добивката влијаеле позитивниот пораст на „Жито" како и остварениот даночен приход од поттикнувањата добиени за изградба на новата фабрика „Белупo".
Во 2015 година групцијата оствари пораст на приходите од продажбата од 7,8 отсто, односно 496,4 милиони евра. Страешко-деловното подрачје – прехрана, оствари приходи од продажбата во износ од 390,5 милиони евра, што претставува пораст од 11,5 отсто во споредба со 2014 година. На порастот на продажбата позитивно влијание, од околу 31,4 милиони евра, има „Жито", чии приходи се вклучени од 1 октомври 2015 година.
| Нов член на управата на „Подравка" Нов член на управата на „Подравка" е Ива Брајевиќ, која во компанијата работи од 2013 година на позицијата директор на корпоративното сметководство и даноци, а од септември 2015 година и на позицијата директор за контролиг. Претходно работела во неколку меѓународни компании со седиште во Хрватска, меѓу кои ДХЛ и „Унилевер". Мандатот на Брајевиќ, која ќе биде задолжена за финансиите, почнува од 1 април, а ќе трае до целосниот престанок на мандатот на управата. |