
Според резултатите од работењето на групацијата „Подравка“, за првите девет месеци од 2016 година забележано е продолжување на позитивните трендови во работењето на сите нивоа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според резултатите од работењето на групацијата „Подравка", за првите девет месеци од 2016 година забележано е продолжување на позитивните трендови во работењето на сите нивоа.
Како што беше утврдено на седницата на управата и надзорниот одбор на „Подравка", нето-добивката се зголеми за 8,6 отсто во споредба со истиот период минатата година, односно на 18,9 милиони евра.
Приходите од продажбата забележаа значителен пораст од 23 отсто. Стратешко-деловниот сектор прехрана оствари приходи од продажбата во износ од 328,7 милиони евра, што претставува пораст од 30 отсто. Овој пораст во голема мера се должи на консолидацијата на групацијата „Жито".
Продолжуваат позитивните трендови во работењето на сите нивоа, што особено нѐ радува. Наспроти големите негативни влијанија на курсната разлика, со дополнителните активности успеавме да ја зголемиме профитабилноста на нашата компанија и да оствариме пораст на продажбата во сите региони. Во наредниот период очекуваме спроведување на идните чекори за ширење на работењето надвор од хрватскиот пазар, каде во моментов остваруваме околу 34 отсто од вкупната продажба, истакна претседателот на управата на „Подравка", Звонимир Мршиќ.