
Од 50 компании што ги анализираше експертскиот тим на финанскиското списание „Еуромани“, тргувањето на „Подравка“ беше највисоко оценето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од 50 компании што ги анализираше експертскиот тим на финанскиското списание „Еуромани", тргувањето на „Подравка" беше највисоко оценето.
Според резултатите од анализата, „Подравка" во оваа година оствари најголем напредок меѓу компаниите од средна и источна Европа и се вброи во категоријата на најдобро управувани компании во Хрватска, соопштија од компанијата.
Во анкетата учествуваа аналитичари од водечките меѓународни банки и институции, кои ги имаа предвид стратегиите на управување, достапноста на менаџментот, транспарентноста на работењето, вредноста на акциите, информативноста и ефикасноста на веб-страницата итн.
Во изминатата година презедовме значајни чекори за да оствариме позитивни поместувања во тргувањето. Ни претстои уште многу работа за да ги достигнеме важните цели што си ги зададовме. Успеавме да создадеме нов развоен циклус на компанијата и горди сме што тоа го препознаа и независните меѓународни експерти, изјави Ѕвонимир Мршиќ, претседател на Управата на „Подравка".