
Нето-добивката на групацијата „Подравка“, во првите шест месеци од годинава, изнесува околу 13 милиони евра. Со тоа е остварен пораст од 5,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нето-добивката на групацијата „Подравка", во првите шест месеци од годинава, изнесува околу 13 милиони евра. Со тоа е остварен пораст од 5,8 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Како што соопштуваат од компанијата, приходите од продажбата во набљудуваниот период пораснаа за 26,2 отсто, односно на 264 милиони евра.
Стратешко-деловното подрачје прехрана, оствари приходи од продажбата во вредност од 213,9 милиони евра, што претставува пораст од 34,3 отсто. Овој пораст, во голема мера му се препишува на преземањето на словенечката компанија „Жито". Приходите од продажбата на второто стратешко-деловно подрачје фармација, достигнаа 50,7 милиони евра и во споредба со минатата година забележаа пораст од 0,4 отсто.
Според соопштението на оваа групација, негативно влијание на продажбата имаа курсните разлики и тоа во вкупен износ од 5,7 милиони евра, со тоа што најголемо негативно влијание забележа руската рубља (околу -3,4 милиони евра), како и евртото (-789 илјади евра).
Инаку, неодамна „Подравка" потпиша договор со „Адриатик груп" од Виена, за дистрибуција и пласман на своите производи на пазарите во ЕУ. Со оваа соработка, „Адриатик груп" станува дистрибутер на производите на „Подравка" на пазарите во Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург.