
На годинешниот кинески Саем на светски прехранбени производи и услуги – FHC China успешно се претстави и „Подравка“ чии најпопуларни производи се наоѓаат на полиците во маркетите во Пекинг и Шангај.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На годинешниот кинески Саем на светски прехранбени производи и услуги – FHC China успешно се претстави и „Подравка" чии најпопуларни производи се наоѓаат на полиците во маркетите во Пекинг и Шангај.
Кинеското претставништво на оваа компанија е отворено во јануари 2015 година во Пекинг, на чие чело се наоѓа Горан Капичиќ. Оттогаш производите на „Подравка" може да се најдат во продажнитe синџири во Пекинг и Шангај, специјализирани за продажба на увезена стока. Станува збор за синџирите: „Џени Венг", „Џени Лу" и „Ејприл гурмет" во Пекинг и „Фемили март" во Шангај.
Досега во понуда биле: водата Studena, џемовите и мармаладите на „Подравка", крем-намазите Linolada, тестенини и сосови, инстант супи и производи од житарици Lino.
По посетата на саемот во FHC China, каде се претставуваат исклучиво увезени производи, од дури 66 земји, од претставништвото на „Подравка" во Кина, информираа дека наскоро се очекува потпишување договор со продажните синџири „7-Елевен" и „Лoвсон".