
Хрватската компанија „Подравка“ најави амбициозни планови за проширување на рускиот пазар, кои вклучуваат поттикнување на локалното производство и аквизиции.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската компанија „Подравка" најави амбициозни планови за проширување на рускиот пазар, кои вклучуваат поттикнување на локалното производство и аквизиции.

Во следните пет години, целта на „Подравка" ќе биде пораст на меѓународните пазари, како органски, така и преку стратешки партнерства со локалните компании. Русија ја гледаме како главен пазар за понатамошниот пораст и развој, користејќи ги и двата модела, а очекуваме двоцифрени стапки на пораст, рече Звонимир Мршиќ, претседатен на управата на „Подравка".
По повод 50-годишното работење на копривничката компанија на рускиот пазар, Мршиќ истакна дека се надева оти во иднина „Подравка" ќе има локално производство во Русија преку аквизиции, или преку браунфилд и гринфилд инвестиции.
Рускиот пазар е првиот извозен пазар на „Подравка", уште од 1967 година. Оттогаш, многу работи се променија, но во глобалната стратегија на компанијата, рускиот пазар е водечки, во смисла на пораст и на развој, истакна тој.