
Компанијата „Подравка“ се подготвува за докапитализација со која има намера да обезбеди 224 милиони евра, со издвојување на 1,7 милиони нови акции.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Подравка" се подготвува за докапитализација со која има намера да обезбеди 224 милиони евра, со издвојување на 1,7 милиони нови акции.
Обезбедените пари се наменети за купување на словенечката компанија „Жито", за што „Подравка" веќе подигна кредит во износ од 58 милиони евра, а ќе го враќа сè додека не ја доврши докапитализацијата. Договорот за купување на „Жито" е потпишан кон крајот на април.
Помала, но интересна е инвестицијата во изградба на фабрика во Танзанија, најавена на почетокот на оваа година.
Изградбата на фабриката во Танзанија претставува инвестиција кој почна во 2015 година, а завршувањето се очекува на крајот од оваа година или почеток на 2016 година. Инвестицијата се однесува на изградба на градежен објект и купување на технолошка и друг вид опрема, со што ќе се прошират производствените капацитети и ќе се овозможи пласман на производите на нови пазари во земјите од Африка. Вложувањето изнесува околу 3,4 милиони евра, дел од нив ќе бидат обезбедени од сопствени средства, а дел од кредит, истакнуваат од компанијата.