
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со повеќе од 750 изложувачи од 35 земји во период од 9 до 13 април, Мостар е по шести пат место на одржување на еден од најзанчајните стопански и политички настани во регионот, Меѓународниот саем на стопанството – Мостар 2013 година. Оваа година партнер на саемот е заедницата на држави на Европската Унија.
Со повеќе од 750 изложувачи од 35 земји во период од 9 до 13 април, Мостар е по шести пат место на одржување на еден од најзанчајните стопански и политички настани во регионот, Меѓународниот саем на стопанството – Мостар 2013 година. Оваа година партнер на саемот е заедницата на држави на Европската Унија.
Вјекослав Беванда, претседател на Советот на министри во БиХ, Зоран Милановиќ, претседател на Владата на Р. Хрватска, Ивица Дачиќ, претседател на Владата на Р. Србија, Мило Џукановиќ, претседател на Владата на Црна Гора, и шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ и специјалниот претставник на Европската унија во БиХ, амбасадорот Петер Соренсен се меѓу високите претставници, гости на на саемот што го посетија штандот на „Подравка", една од водечките прехранбени компании во регионот. Според бројот на вработените во БиХ, оваа компанија го има едно од најбројните претставништва и со години со својот настап го поддржува овој собир.
| Звонимир Мршиќ, претседател на Управата во „Подравка"Традиционалното учество на „Подравка" на саемот во Мостар е можност за размена на искуства за работните стратегии и плановите со претставниците на компаниите од поширокиот регион. Периодот што следува е предизвик за сите стопанственици, но и за потрошувачите, прво поради економската криза што е присутна во земјите од регионот, но и поради влегувањето на Хрватска во Европаската унија. Оттука, на сите стопанственици обврска им е да го прилагодат своето работење на новите предизвици. Босна и Херцеговина како и другите земји од регионот, е важен пазар и се надевам дека преговорите на Европската унија со земјите членки на CEFTA во поглед на условите за трговија ќе завршат успешно, бидејќи верувам, како што сите заедно разбираме дека е важно да се отворат границите и да се создадат услови за слободна трговија. |