
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската прехранбена индустрија во првите девет месеци од минатата година оствари бруто-добивка од 927 милиони куни (околу 123 милиони евра), што претставува пораст од 11,9% во однос на истиот период во 2011 година, покажуваат податоците на Финансиската агенција (Фина).
Хрватската прехранбена индустрија во првите девет месеци од минатата година оствари бруто-добивка од 927 милиони куни (околу 123 милиони евра), што претставува пораст од 11,9% во однос на истиот период во 2011 година, покажуваат податоците на Финансиската агенција (Фина).
„Подравка", „Краш", „Дукат", ПИК „Врбовец", „Ледо" и „Виндија" се меѓу компаниите во овој сектор што ја задржале и зголемиле присутноста на странските пазари и оствариле извоз од 3,5 милиони куни (околу 467 милиони евра), што е пораст од 5,9%, покажуваат податоците на Фина.
Во однос на првите девет месеци од 2011 година, претприемачите во прехранбената индустрија ја зголемиле вработеноста за 1,9%, а инвестициите во долготраен имот за 4,4%.
| Во извештајот се наведуваат и следните податоци за првите девет месеци од 2012 година:Шест производители имаат над 1.000 вработени, при што на прво место е „Подравка" со 3.549, потоа ПИК „Врбовец" со 1.601 и „Краш" со 1.506. Според големината на вкупните приходи, меѓу најголемите производители се „Виндија" со 2,1 милијарди куни (280 милиони евра), „Подравка" со 1,5 милијарди куни (200 милиони куни) и „Дукат" со 1,4 милијарди куни (187 милиони евра).По големината на бруто-добивката, најдобри се „Ледо" со 132 милиони куни (17,6 милиони евра), „Сладорана" од Жупанија со 109 милиони куни (14,6 милиони евра) и „Дукат" со 86 милиони куни (11,5 милиони евра). Следи „Краш" со 214,8 милиони куни (29 милиони евра) и „Виро" со 205,5 милиони куни (27,4 милиони евра). |