
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во деловното седиште на „Подравка“ во Копривница се одржа Главното собрание на акционери на „Подравка“ АД, на кое акционерите, на предлог на Центарот за реструктурирање и продажба, како законски застапник на Република Хрватска, избраа тројца нови членови на Надзорниот одбор.
За нови членови на Надзорниот одбор се избрани проф. д-р Наташа Натер Дрвенкар, Крешимир Папац, дипломиран правник, и Ратимир Љубиќ, дипломиран инженер.
Проф. д-р Наташа Натер Дрвенкар е професорка на Економскиот факултет во Осиек.
Крешимир Папац е адвокат и дипломиран правник, кој во текот на својата кариера, меѓу другото, ја извршувал функцијата началник на полициските управи во Бјеловарско-билогорската и Копривничко-крижевачката жупанија.
Ратимир Љубиќ е дипломиран инженер по нафтено рударство, вработен во Занаетчиското училиште во Копривница. Во периодот од 2017 до 2025 година ја извршувал функцијата заменик-жупан на Копривничко-крижевачката жупанија.
На новите членови на Надзорниот одбор им е утврден мандат од шест месеци, почнувајќи од денот на донесувањето на одлуката за нивниот избор.
На Главното собрание биле застапени 5.464.560 акции, што претставува 77,23% од вкупниот број акции со право на глас.