
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По речиси половина век работење, компанијата „Номад Фудс“ донесе одлука да го прекине производството во својата фабрика „Ирида“ во Дарувар, Хрватска, пренесува Net.hr.
Според податоците на хрватската Финансиска агенција (FINA), „Ирида“ минатата година остварила приходи од 3,95 милиони евра, што е речиси 9% повеќе во споредба со претходната година.
Компанијата ја завршила деловната година со нето-добивка од речиси 49.000 евра. Сепак, сопственикот наведува дека фабриката работела со само една четвртина од својот производствен капацитет.
Како причина за затворањето, „Номад Фудс“ ги наведува намалувањето на трошоците и поефикасната организација на производството.
Од компанијата истакнуваат дека се обиделе да пронајдат купувач за фабриката, но без успех. Воедно, нагласуваат дека производите ќе останат достапни на пазарот, но повеќе нема да се произведуваат во Дарувар.
Во финансискиот извештај наменет за инвеститорите, „Номад Фудс“ проценува дека затворањето на „Ирида“ нема да има значително влијание врз работењето на целата групација.
Од компанијата соопштуваат дека висината на отпремнините, отказните рокови и останатите мерки ќе бидат дефинирани во рамките на процесот на консултации со вработените.
Единствениот дел од работењето за кој засега е најавено продолжување на активностите е контакт-центарот во Дарувар. Неговите 17 вработени треба да преминат во компанијата „Ледо плус“.