
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Карлсберг“, во соработка со Амбасадата на Кралството Данска во Босна и Херцеговина и други партнери, го поддржа натпреварот „Democracy Through My Eyes“ („Демократијата низ моите очи“).
Натпреварот им овозможи на младите во Босна и Херцеговина преку креативни видеосодржини да го изразат своето гледиште за демократијата и демократските вредности.
На завршната церемонија за доделување на наградите, одржана во резиденцијата на амбасадорот на Кралството Данска во Сараево, се собраа учесници, партнери и гости, кои разговараа за демократијата, нејзиното значење во секојдневниот живот и улогата на младите во обликувањето на иднината.
Во таа пригода беа наградени авторите на најдобрите трудови, а наградите во име на „Карлсберг БХ“ ги врачи Амир Тобудиќ, директор на „Карлсберг БХ“, заедно со останатите партнери на настанот.