
Иновативната компанија што го освои третото место на натпреварот „Идеа нокаут 2016“, доби почетна инвестиција од „Подравка“, која за возврат доби сопственички дел од „Гама шеф“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Иновативната компанија што го освои третото место на натпреварот „Идеа нокаут 2016", доби почетна инвестиција од „Подравка", која за возврат доби сопственички дел од „Гама шеф".

„Гама шеф" (GammaChef) е иновативна компанија од Сплит, зад која стојат Џулијано Нола и Дражен Дрнас, познати на хрватската јавност по интернет-сервисите Crno jaje и GoHome.
Тие смислија робот-готвач, кој самостојно приготвува повеќе од триесет различни оброци, откако ќе биде наполнет со потребните продукти. Роботот функционира на едноставен начин: се избира посакуваниот оброк на менито, кој машината го прикажува на екран на допир, како и времето кога да биде приготвен оброкот.
Со вложување во технолошката иновативна компанија, „Подравка" ја продолжува стратегијата за имплементација на иновации во производството на храна. Неодамна, во организација на „Подравка", се одржа и настанот „Фуд хакатон" (Food Hackaton), на кој повеќе од четириесет учесници работеа на решенија за иднината на храната.
Благодарение на оваа инвестиција, „Гама шеф" добива можност за излез на големиот број на странски пазари, каде што „Подравка" е присутна.