
Хрватската компанија „Подравка“ ќе инвестира 9,9 милиони евра во подобрување на сопствената енергетска ефикасност, благодарение на одобрениот заем од Европската банка за обнова и развој.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската компанија „Подравка" ќе инвестира 9,9 милиони евра во подобрување на сопствената енергетска ефикасност, благодарение на одобрениот заем од Европската банка за обнова и развој.
Со заемот ќе се финансираат инвестиции во подобрување во фабриките и зградата во која е сместено седиштето. Се очекува со овој зафат да се остварат значителни заштеди.
Претседателот на Управата на „Подравка", Звонимир Мршиќ наведува дека средствата од заемот планираат да ги инвестираат во енергетска ефикасност и преку оптимална потрошувачка на енергенси да го намалат влијанието врз животната средина. Со тоа ќе го подигнат досегашното ниво на ефикасно работење на ниво на нивните конкуренти со кои секојдневно се натпреваруваат.
Вложувањето во енергетска ефикасност е дел од пошироките настојувања на компанијата да ја зајакне конкурентноста на меѓународниот пазар, велат од Подравка.