
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На одржаните саеми во Токио, Окинави и Оаки, „Подравка“ и „Унилајн“, едни од водечките компании во прехранбениот и туристичкиот сектор, во текот на неделата заеднички ја промовираа Хрватска преку презентација на гастрономските и туристичките потенцијали на земјата.
На одржаните саеми во Токио, Окинави и Оаки, „Подравка" и „Унилајн", едни од водечките компании во прехранбениот и туристичкиот сектор, во текот на неделата заеднички ја промовираа Хрватска преку презентација на гастрономските и туристичките потенцијали на земјата.
Значењето на соработката лежи во потенцијалниот синергиски ефект, а со заедничкото дејствување преку сопствените канали се шири понудата, но и се зголемуваат резулатите од продажбата, наведуваат од компанијата.
Според нивните зборови, соработката за кратко време донесе до поместување во контекст на брендирање и позиционирање на производите на „Подравка", но и на производите на „Унилајн" на ниво на рецептивно работење.