
„Подравка“ со ЕБОР како и со три комерцијални банки „Ерсте Груп“, банката „Рајфајсен Интернешнл“ и банката „Уникредит“ Австрија потпишаа синдициран договор за кредитирање во износ од 73,4 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Подравка" со ЕБОР како и со три комерцијални банки „Ерсте Груп", банката „Рајфајсен Интернешнл" и банката „Уникредит" Австрија потпишаа синдициран договор за кредитирање во износ од 73,4 милиони евра.
Со овие средства „Подравка " ќе ги рефинансира постоечките кредити со значително пониска каматна стапка и ќе ги пролонгира роковите. ЕБОР, како аранжер на синдикатот, ќе учествува со сопствени средства во износ од 30 милиони евра, додека останатите 43,4 милиони евра се од останатите банки во синдикатот - „Ерсте Груп", банката „Рајфајсен Интернешнл" и банката „Уникредит" Австрија.
Со овој аранжман „Подравка" ќе го продолжи процесот на реструктурирање со цел постигнување на регионален и интернационален пораст и развој.
Рокот за отплата на кредитот е пет години со тоа што 75 отсто од кредитот е амортизирачки дел со рамномерни квартални отплати на основниот капитал.
Понискиот трошок за финансирање ќе ги направи инвестициските можности поатрактивни и со тоа ќе придонесе за идниот пораст на „Подравка", се наведува во соопштението. Во изминатите години „Подравка" оствари значајни подобрувања на оперативно и финансиско ниво, што е препознаено од страна на ЕБОР и банките синдикати кои со овој договор ја потврдуваат својата доверба во стабилноста и работењето на компанијата.
Овој нов кредит ја покажува нашата трајна поддршка како долгорочен партнер на „Подравка", а нашата верба во иднината на компанијата е потврдена на пазарот на капиталот, кажа првиот претставник на ЕБОР Фил Бенет.
Новите средства на компанијата ќе и овозможат стабилна позиција на домашниот пазар и регионален пораст преку успешно завршување на сегашниот план за реструктурирање, објасни Банет.
Дефинираните услови според кои ќе биде реализиран овој аранжман ја покажуваат вербата на меѓународните банкарски институции во порастот и развојот на нашата компанија како и остварувањето на амбициозните цели, изјави претседателот на Управата Звонимир Мршиќ.