
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Поради успешното одржување на пазарот во земјите потписнички на Централноевропскиот договор за слободна трговија (CEFTA) и по влегувањето на Хрватска во ЕУ на 1 јули, интерес за вложување во БиХ, освен компанијата „Гавриловиќ“, покажуваат и „Подравка“, „Дукат“ и уште некои компании од таа земја, кажано ѝ е на агенцијата „Срна“ во Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Поради успешното одржување на пазарот во земјите потписнички на Централноевропскиот договор за слободна трговија (CEFTA) и по влегувањето на Хрватска во ЕУ на 1 јули, интерес за вложување во БиХ, освен компанијата „Гавриловиќ", покажуваат и „Подравка", „Дукат" и уште некои компании од таа земја, кажано ѝ е на агенцијата „Срна" во Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Сè повеќе хрватски компании изразуваат интерес за отворање свои погони во БиХ и тука да го организираат производството. На тој начин и понатаму, по поволни услови, ќе им биде достапен пазарот на земјите од CEFTA, наведуваат во Министерството.
Се очекуваат поголеми вложувања во БиХ од страна на хрватските произведувачи на храна поради цврстиот став на делегацијата на БиХ во актуелните преговори за т.н Дополнителен протокол со ЕУ. БиХ не е подготвена за идна либерализација на трговијата по јули и сведување на царината на т.н. нула, бидејќи на тој начин значително ќе се загрози позицијата на домашното стопанство, објаснуваат во Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Да потсетиме, компанијата „Гавриловиќ" од Хрватска најави дека дел од своето производство ќе го премести од Петриња во Читлук во БиХ, а причината освен поскапувањата е стравот да не се изгубат пазарите во земјите од CEFTA од кои Хрватска мора да излезе по влегувањето во ЕУ.