
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Главното обележје на резултатите од работењето на групацијата „Подравка“ во првите девет месеци годинава е порастот на приходите од продажба на странските пазари за 3,6%. И покрај сложената пазарна состојба, бруто-маржата се задржа на истото ниво.
Главното обележје на резултатите од работењето на групацијата „Подравка" во првите девет месеци годинава е порастот на приходите од продажба на странските пазари за 3,6%. И покрај сложената пазарна состојба, бруто-маржата се задржа на истото ниво.
Во првите девет месеци од 2014 година приходите од продажбата на групацијата „Подравка" изнесуваа околу 330,8 милиони евра, од што приходите од прехранбените производи изнесуваа околу 255,9 милиони евра, а фармацевтските остварија околу 74,9 милиони евра.
Стратешкиот фокус на компанијата на интернационализацијата на работењето резултираше со продолжување на порастот на странските пазари од 3,6%, што доведе до успешно задржување на бруто-маржата на ниво од 41,3%.
Со оглед на сложената ситуација на домашниот пазар, присутната дефлација, како и послабата куповна моќ, донесовме одлука за посилно фокусирање на странските пазари, што резултираше со зголемување на приходот од 3,6%. Пореметувањата на одредени пазари, како што е нестабилноста на руската рубља или пак одлуката на ХЗЗО за намалување на цените на лековите со рецепт, значајно ни го намалија нето-резултатот. Со стабилизацијата на курсот, секако дека ќе дојдат до израз сите напори што ги вложуваме на странските пазари и ќе се прикаже вистинската состојба на нашите активности. Освен тоа, сериозно работиме и на отворање на нови пазари. Уверени сме дека долгорочниот пораст и развој на компанијата зависи од нашиот успех и од силниот чекор кон меѓународниот пазар, но и зачувувањето на позицијата на домашниот пазар, изјави Звонимир Мршиќ, претседател на управата на „Подравка".