
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на „Подравка“ на состанокот со инвеститорите ги претстави резултатите од процесот на реструктурирањето на компанијата и бизнис-резултатите за првите девет месеци. Издвоени се главните потешкотии со кои се соочува менаџментот поставен во 2012 година. Укинати се тогашните непрофитабилни сегементи како месо, замрзната храна и печива, а сè уште трае процесот за уконување на пијалаците.
Управата на „Подравка" на состанокот со инвеститорите ги претстави резултатите од процесот на реструктурирањето на компанијата и бизнис-резултатите за првите девет месеци. Издвоени се главните потешкотии со кои се соочува менаџментот поставен во 2012 година. Укинати се тогашните непрофитабилни сегементи како месо, замрзната храна и печива, а сè уште трае процесот за укинување на пијалаците.
Иако за овој сегмент не постои голем интерес од потенцијалните купувачи, менаџерите на „Подравка" тврдат дека некој кој би ги купил би остварил добивка од околу милион куни.
Во процесот на реструктурирање фокусот е ставен на подобрување на ниската продуктивност на работната сила со намалување на бројот на вработени и структурни промени, како и вработување на млади.
Менаџерите на „Подравка" објаснија дека во претходното работење имало лоши бизнис одлуки, што за малку ќе резултираше со годишни отписи на вредностите од седум милиони евра. Меѓутоа, тоа не се случи оваа година, што, според менаџментот е показател за насочувањата на аквизициите со додадена вредност.
Поради ограничувањето на потенцијалот на порастот во регионот, компанијата размислува за аквизација на прехранбените и фармацевтските компании и се надева на пораст во средна Европа и во Русија.
За финансирањето планираат да го искористат издавањето на новите акции, ако биде интересно за инвеститорите, а не е исклучена можноста за искористување на емисијата на обврзници.