
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На седницата на Управата на „Подравка“ претставен е планот за идно зајакнување на интернационализацијата на работењето и формирање на нови пазарни региони со што од 1 јануари оваа година се менува моделот на известување за работењето.
На седницата на Управата на „Подравка" претставен е планот за идно зајакнување на интернационализацијата на работењето и формирање на нови пазарни региони со што од 1 јануари оваа година се менува моделот на известување за работењето.
Со ова значително се намалува досегашното ниво на комплексност на управувањето на пазарите, што има за цел поефикасно користење на сопствените големини и знаењата и овозможува понуда на поквалитетни и финансиски поефикасни поддршки на пазарите на кои работи „Подравка". Обединувањето на различните функции во рамките на новоформираните зони ќе им овозможи на пазарите да го зголемат својот фокус на создавање дополнителни побарувачки, се наведува во соопштението на компанијата.
Со новата организација на управување со пазарите и редефинирање на пазарните зони на работењето имаме намера да ги зајакнуваме напорите насочени кон подобра искористеност на нашите големини и распространетости низ светот. Со оптимална рамнотежа и фокусираност на категоријата и на географските региони создаваме поквлитетни услови за иден пораст и развој на нашата компанија. Нашата намера е наредните пет години да создадеме две третини од приходите на интернационалните пазари, истакна Звонимир Мршиќ, претседател на Управата на „Подравка".
Како што е споменато, од 1 јануари почна известувањето за работата на групацијата „Подравка", за сегментот прехрана, кон новите пазарни региони. Станува збор за четири новоформирани региони – „Адриа регион" во која се вбројуваат пазарите во Хрватска и досегашните пазари во југоисточна Европа, потоа во Европа која ги содржи пазарите ЕУ, потоа регионот Русија, како и новите пазари во која се вбројуваат во Америка, Азија, Австралија и Африка.