
Според истражувањето Best Buy Award, што беше спроведено во Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, „Подравка“ е прехранбен бренд со најголем број на освоени први места во сите анализирани земји од регионот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според истражувањето Best Buy Award, што беше спроведено во Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, „Подравка" е прехранбен бренд со најголем број на освоени први места во сите анализирани земји од регионот.
Истражувањето Best Buy Award, што беше спроведено за периодот 2013/2014 и 2014/2015 покажуваат дека потрошувачите во регионот, ако се суди според бројот на освоени први места во различни категории, најмногу ги ценат прехранбените производи на брендот „Подравка".
Производите на „Подравка" се избор број еден за потрошувачите на Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска, како најдобар однос на цената со квалитетот во бројните категории на Best Buy Award. Освен првата позиција според гласовите на потрошувачите, производите на „Подравка" често се високо позиционирани и на второ или трето место и во другите категории, порачуваат од компанијата.