
„Подравка“ соопшти дека од надлежните агенции за заштита на пазарната конкуренција доби одобрение за преземање на 51,55 отсто од уделот во „Жито“ и дека до почетокот на октомври се очекува затворање на трансакцијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Подравка" соопшти дека од надлежните агенции за заштита на пазарната конкуренција доби одобрение за преземање на 51,55 отсто од уделот во „Жито" и дека до почетокот на октомври се очекува затворање на трансакцијата.
Да потсетиме, на 21 април годинава компанијата склучи договор со конзорциумот на понудувачи за купување на 183.386 акции во љубљанската компанија „Жито". Врз основа на тој договор, „Подравка" ќе стекне 51,55 отсто од акциите на „Жито" по цена од 180,1 евра за акции, односно за износ од 33.027 милиони евра.
Откако ги доби сите потребни одобренија, од „Подравка" истакнуваат дека можат да почнат со исполнување на останатите услови од договорот потребни за стекнување на уделот во „Жито". Затворањето на трансакцијата се очекува да се случи на почетокот на октомври годинава.
По завршувањето на оваа трансакција, групацијата „Подравка" ќе се искачи на врвот од прехранбената индустрија на пазарот во Словенија, со годишен приход од околу 119,2 милиони евра. Вкупниот консолидиран годишен приход на групацијата, по преземањето на „Жито" ќе изнесува околу 595,1 милион евра.