
Земјите во развој, како што е Србија, имаат тешка, но јасна задача – да напредуваат како модерно дигитално општество, засновано на дигиталната економија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Земјите во развој, како што е Србија, имаат тешка, но јасна задача – да напредуваат како модерно дигитално општество, засновано на дигиталната економија.

Тоа го истакна државната секретарка на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации – Татјана Матиќ. Како што се наведува во соопштението, во воведното обраќање на конференцијата „ИДЦ предикшнс 2017", таа рече дека Србија со подготвува за „Единствен дигитален пазар" (Digital Single Market).
За да стигнеме до услугите на интелигентните транспортни системи, напредните дигитални решенија во производството, паметните енергии, е-здравството, паметниот мониторинг на животната среднина и до сите други паметни услуги, важно е глобално да зборуваме во еден глас за либерализација на податоците и пристапот до нив, за сигурноста и управувањето со податоците... Тоа значи дека сите заедно имаме ново, многу важно прашање за стандардизација, рече таа.
Наведувајќи дека заедничките стандарди се од суштинско значење за интероперабилноста на дигиталните технологии, Матиќ истакна дека тие се темелите на „Единствениот дигитален пазар".