
Брендот Tuborg за летово подготви несекојдневна музичка кампања, Tuborg Open, со која неколку десетици музичари од светот ќе го креираат звукот на летото, создавајќи музика врз звучната матрица насловена „Tuborg Beat“
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Tuborg за летово подготви несекојдневна музичка кампања, Tuborg Open, со која неколку десетици музичари од светот ќе го креираат звукот на летото, создавајќи музика врз звучната матрица насловена „Tuborg Beat", подготвена од светски познатото американско трио електроничари „Мејџр лејзр" (Major Lazer).
Меѓу изведувачите што ќе го искористат „Tuborg Beat" во својот стил и музички правец и да создадат свој музички хит се и четири артисти и состави од Србија, БИХ и од Црна Гора.
„Ху си" од Црна Гора и „Френки" од БИХ ќе придонесат со хип-хоп видување на темата, а „Сара Јо" и „Виклух скај" од Србија ќе направат поп-бит и алтернатив-рок-бит видување на „Туборг бит".
Целта на кампањата е да ги поврзе љубители на различните музички правци низ светот преку една заедничка музичка тема