
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На првиот „Сараево маркетинг-самит“ кој се одржува денес во хотелот „Терма“, ќе бидат претставени успешни деловни приказни од Босна и Херцеговина и од регионот. На ова досега најголемо маркетинг-случување во БиХ ќе присуствуваат повеќе од 300 учесници.
На првиот „Сараево маркетинг-самит" кој се одржува денес во хотелот „Терма", ќе бидат претставени успешни деловни приказни од Босна и Херцеговина и од регионот. На ова досега најголемо маркетинг-случување во БиХ ќе присуствуваат повеќе од 300 учесници.
На самитот ќе стане збор за најновите трендови во маркетингот, за ширењето на новите пазари и креирањето на нови стратегии. Истакнатите експерти ќе ги приближат своите искуства и ќе покажат како да се биде поуспешен во бизнисот.
Ден пред случувањето на самитот пополнети се сите места. Ваков одзив ги надмина сите очекувања, истакнаа организаторите. Тие додадоа дека во Босна и Херцеговина недостасуваат едукативни средби од овој тип на кои може да се научи за најдобрите маркетинг-приказни и деловните решенија.