
Црна Гора ќе ги следи директивите на ЕУ така што сите пластични кеси ќе ги наплатува.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Црна Гора ќе ги следи директивите на ЕУ така што сите пластични кеси ќе ги наплатува.
Имено, поради проблемот со прекумерната употреба на пластичните амбалажи, пред сè ќесите, Европската комисија објави Стратегија за пластиката, за до 2030 година сите пакувања на пазарите на ЕУ да можат повторно да се користат или да се рециклираат.
Пред неодамна објавената Стратегија за пластика, утврдени се начини за намалување на употребата на пластичните кеси за носење, вклучувајќи и воведување на доплата.
Во согласност со динамиката на оваа стратегија, Црна Гора ќе ги следи обврските од директивата, како и најдобрите практики од развиените земји од Европската унија.
Мерките мора да ги вклучуваат една од следните опции, а може и двете: дефиниција на максималната годишна потрошувачка која опфаќа 90 пластични кеси по жител, до крајот на 2019 година (намалување од 50% во однос на 2010 година) и 40 пластични кеси за носење по жител до крајот на 2025 година (намалување од 80% во однос на 2010 година) и до крајот на 2018 година да се осигура дека кесите за носење нема да бидат бесплатни на продажните места, порачуваат од Министерството за одржлив развој и туризам.