
Петтото издание на „Далмација вајн експо“ (ДВЕ) ќе се одржи на 24 и 25 април во Сплит, во хотелот „Радисон блу“ и на први и втори мај во Макарска, на Качиќевиот плоштад.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Петтото издание на „Далмација вајн експо" (ДВЕ) ќе се одржи на 24 и 25 април во Сплит, во хотелот „Радисон блу" и на први и втори мај во Макарска, на Качиќевиот плоштад.
ДВЕ 2014, на своето петто издание повторно ќе ги собере на едно место сите водечки производители на вино, деликатеси и маслиново масло, претставници од врвните ресторани и хотели, готвачи и претставници од политичката, културната и бизнис-сцената.
Новата локација за одржување на фестивалот, хотелот „Радисон блу" е избран поради својата атрактивност, локација и пристапност, а Сплит како нова дестинација, гастрономски и бизнис-центар на Далмација, нуди идеални логистички услуги за понатамошен развој на ДВЕ како централна винска манифестација во Далмација.