
Во тек е третиот „Сараево Маркетинг самит“, каде 13 говорници ќе ги споделат своите искуства и знаења пред повеќе од 500 учесници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во тек е третиот „Сараево Маркетинг самит", каде 13 говорници ќе ги споделат своите искуства и знаења пред повеќе од 500 учесници.

Главна тема на годинешниот самит е „Маркетинг 2020: Усовршете ги своите маркетиншки содржини, технолошки вештини и стекнете врвни искуства". Повеќе од 500 учесници ќе слушнат како потрошувачот ќе живеее, ќе се однесува и како ќе ги троши своите пари во иднина. Воедно, ќе имаат можност да ги искористат стекнатите знаења во своето работење. Сето ова е овозможено од врвните говорници кои ќе покажат како да се изгради глобален бренд, сега.
Водечки говорник е Роберт Крејвен од Велика Британија кој работел со клиенти како што се „Барклејс", „Верџин" и „Рико". Покрај клучниот говорник, свои искуства ќе споделат и Етхем Нумиќ од „Виолета", Ивона Јањиќ од „Агрокор", Златко Тановиќ од „Газзда", Марко Чадеж од „Фeрбум" и многу други.