
Во организација на магазинот InStore, во Белград почна третиот FMCG-самит, каде присуствуваат околу 487 учесници од 161 компанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во организација на магазинот InStore, во Белград почна третиот FMCG-самит, каде присуствуваат околу 487 учесници од 161 компанија.

Од самиот почеток магазинот InStore покажа деловна сила и авторитет, благодарение на концептот, темите и реномираните говорници, да собере голем број учесници и компании од FMCG-секторот. Целта на самитот е размена на искуства од агол на добра пракса, како и остварување и зацврстување на деловните контакти.
На годинешниот самит, кој е 10 по ред во регионот, се зборува на следните теми: Потрошувачот како центар на работењето; Дефиниција на продажната стратегија, Стратешко планирање на асортиманот; Актуелни трендови во FMCG-индустријата; Опстанок на традиционалните продавници во Србија и тркалезна маса на тема: Потрошувач. Category management. Трендови.
Искуствата и знаењата на 16-те говорници, ќе бидат пренесени преку нивните презентации и со дадените практични примери од нивното работење, учесниците ќе имаат можност да научат нешто ново и да го применат тоа и во своето работење.